Ангела Ѓорѓиевска денес доби 19 години затворска казна поради соучешништво во свирепото убиство на Пинета Пино Секондо.
Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна за помагање на убиството во 2018-та година кое ја потресе македонската јавност.
Според судската пресуда, Ангела е виновна за помагање на убиството кое според доказите го извршил Али Фуркан кој и натаму е во бегство. Фуркан со пушка го застрелал 26-годишниот Секондо во пределот на главата, а Ангела Ѓорѓиевска претходно ја договорила средбата со Секондо.
Откако Фуркан го убил Секондо, Ангела Ѓорѓиевска му помогнала на убиецот телото на жртвата да го внесат во автомобил и да го закопаат во дупка во атарот на скопското село Љуботен.
Судијката Давитковска при изрекувањето на пресудата нагласи дека биле земени во предвид и олеснителни и отежнителни околности, но сепак преовладеале отежнителните затоа што обвинетата не покажала каење во текот на судењето.

















![[ВИДЕО] Немири во Приштина: демонстрантите ги блокираа излезите од Собранието и фрлаа петарди](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/10/RPwVF-10310452-218x150.webp)


















