[ФОТО/ВИДЕО] Над Скопје густ чад: Гори Универзална сала

289

Густиот чад којшто се издигнува утрово над Скопје може да се види од неколку локации.

Истиот ги вознемири скопјани, а во моментов се издигнува од Универзалната сала во Скопје. На теренот се бројни противпожарни екипи и полиција.

На Единствениот број за итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи е добиена пријава за пожар на отворено кој се шири над објектот на Универзалната сала лоцирана на Булевар „Партизански Одреди“, во Скопје, потврдија од ЦУК.

https://web.facebook.com/v2.8/plugins/video.php?app_id=1287650217981838&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df2b490341861a3a65%26domain%3Dtocka.com.mk%26is_canvas%3Dfalse%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Ftocka.com.mk%252Fffac27167cdd11b68%26relation%3Dparent.parent&container_width=750&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FFaktor.mk%2Fvideos%2F7586534914770323%2F&locale=mk_MK&sdk=joey&show_text=false&width=740

Гори една од куполите на објектот, а противпожарните единици на Град Скопје се на лице место, информираат од ЦУК.

https://web.facebook.com/v2.8/plugins/video.php?app_id=1287650217981838&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df6ac56a653313b1aa%26domain%3Dtocka.com.mk%26is_canvas%3Dfalse%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Ftocka.com.mk%252Fffac27167cdd11b68%26relation%3Dparent.parent&container_width=750&href=https%3A%2F%2Fwww.facebook.com%2FFaktor.mk%2Fvideos%2F7303890776354343%2F&locale=mk_MK&sdk=joey&show_text=false&width=740

Засега нема информации за причината за пожарот.

Инаку изминатиот период продолжи реконструкцијата на надворешниот дел од овој репрезентативен објект, откако Владата ги презеде ингеренциите од Град Скопје.