Старински колач со цреши: Навраќа во детството, а вкусот е незаменлив!

79

Веќе започна сезоната на цреши, а тие можат да бидат одлични и во колачи.

Ова е едноставен, старински колач, каков што печеа нашите баби, па освен вкусот, може да го почувствувате и мирисот на детство.

Состојки:

– 3 јајца

– 2 шолји шеќер

– 1 шолја масло

– 1 шолја јогурт

– 2 шолји брашно

– 1 кесичка ванилен шеќер

– 1 кесичка прашак за пециво

– 350 гр. цреши

– шеќер во прав

Подготовка:

Изматете ги пенасто јајцата со шеќерот, па потоа додадете го маслото и јогуртот, матете уште малку, а потоа додадете го брашното измешано со прашакот за пециво.

Печете на 180 степени околу 40-на минути или проверете со вилушка. Изладете го колачот и богато посипете шеќер во прав.