Од денеска над пет илјади скопјани ќе можат да аплицираат на јавниот повик за субвенционирање на инвертер клима уреди.
согласно условите општината ќе ја покрива сумата до 62 илјади денари, доколку инверторот е над таа сума, лицето кое ја користи субвенцијата го доплатува остатокот.
Како што соопштија од градот Скопје сите граѓани кои немаат искористено субвенции за затоплување на домаќинствата или пак немаат можност да се приклучат на централно греење имаат право да учествуваат на овој повик, а набавениот уред може да биде монтиран само на адресата на подносителот.
Новитет оваа година е условот граѓаните доброволно да ја достават и тоа без надоместок постојната печка на дрва, јаглен, нафта или мазут на локацијата која дополнително ќе ја соопштиме. Овие субвенции се дел од мерките предвидени за планот за подобрување на квалитетот на воздухот и акциониот план за стратегијата за климатски промени.- Валон Салиху – Град Скопје
Местата и времето на предавањата на старите печки ќе биде дополнително определено, а граѓаните за тоа ќе можат да се информираат на официјалната страна на град Скопје.
Од таму соопштија дека поради кризата со коронавирусот и зголемената заинтересираност за уреди ќе мора да се аплицира по електронски пат на бев страницата на градот..
Јавниот повик ќе трае до 30 ноевмри оваа година.