Српскиот фолкер „заработи“ 1.200 евра за 10 секунди, па им порача дека се доста (ВИДЕО)

320

Сите сме свесни дека свадбите и приватните рослави се изворот за најголема заработувачка, но секако сумите кои српските пејачи ги заработуваат се неколкукратно поголеми од оние на нашите пејачи, а доказ за тоа е оваа снимка.

Имено според снимката која се прошири на социјалните мрежи и српските портали се гледа дека српскиот фолкер Радиша Трајковиќ – Џани за десет секунди заработи 1.200 евра на прославата на раѓањето на синот на белградската дизајнерка Дијана Радоњиќ.

Прославата се одржала во еден белградски ресторан, а гостите ги забавувале Дарко Лазиќ и Џани. Додека пееле фолкерите, гостите ги опсипуваа со банкноти, а рекордот падна кога Џани го отпеа хитот „Још те сањам”. За десет секунди од почетокот на песната, или околу десет отпеани зборови, Џани доби 1.200 евра, а потоа им рече на насобраните дека се доста.

На видеото се гледа како човек со подебел куп банкноти става пари во рацете на Џани. Пејачот едвај ги држеше парите во рацете, исто како Дарко, а на крајот и самиот го потчукна по раката човекот и го спречи да продолжи да му дава евра.

Гостите беа толку воодушевени од настапот што дури и го бакнаа Џани во чело.