Мислела дека никогаш нема да засака: Најубавата жена во Холивуд има прекрасна љубовна приказна

273

Марго Роби е венчана од 2016 година, а мислела дека нема да ја најде љубовта на нејзиниот живот.

Една од најубавите актерки во Холивуд, популарната „Барби“, Марго Роби, без оглед на големите успеси на планот на кариерата, ја чува својата приватност и ретко зборува за деталите од животот надвор од рефлекторите, што секако се однесува и на нејзиниот сопруг.

Многумина не знаат дека оваа 33-годишна актерка е среќно венчана од 2016 година, со Том Акерли којшто го запознала во 2013 година на сет на филм каде тој работел како асистент режисер.

Парот својата врска од самиот старт ја криел од медиумите, а сѐ започнало од пријателство. Еднаш спонтано одлучиле да почнат да живеат заедно, со уште пет други колеги од снимањето на филмот.

„Рековме: Зарем не би било забавно сите да живееме заедно?“, открила актерката во 2019 година за „Guardian“, па додала: „Некој тогаш рече: Па, ти живееш во Лондон, на што јас одговорив: Не живеам никаде, ќе се преселам“.

Три дена подоцна потпишале договор за стан во Клепам, а во една прилика открила дека врската почнала од пријателство:

„Идејата за врска ми создаваше нагони да повратам. Потоа сѐ се случи откако долго бевме пријатели. Долго го сакав и си мислев: Ох, тој никогаш нема да ме засака. Немој тоа да го расипеш Марго. Немој да бидеш глупава и да му кажеш дека ти се допаѓа. Тогаш се досели и помислив: Секако дека сме заедно, ова има смисла иако до тогаш немаше“.

Денес, Акерли често со Марго заедно продуцира филмови, вклучувајќи и некои во кои и таа глуми.

Интересно е што тој ја започнал кариерата како статист во првите три филмови од серијалот за „Хари Потер“.

„Му реков, да ми го кажеше тоа порано ќе се венчавме“, се пошегувала таа.

Марго и Том немаат деца

Марго и Том немаат деца, а актерката веќе зборувала за тоа колку ѝ пречи притисокот во врска со тоа.

„Тоа ме прави бесна“, изјавила таа.

„Како некој се осудува да ми диктира што можам, а што не можам кога станува збор за мајчинството и моето сопствено тело? За жал, тоа се конверзации кои и натаму ги имаме. Се венчав и првото прашање во секое интервју е кога ќе имам бебе. Толку сум бесна“, раскажала актерката во една прилика.