Србин на сопругата Американка ѝ дал цела чаша ракија, нејзината реакција го насмеа регионот

304

Еден Србин решил на Јутјуб да ја промовира неговата култура и храна, а видео-снимката која ја објавил со својата сопруга Американка привлече посебно внимание.

Имено, новиот хит на Јутјуб со сигурност се Владислав и Миа Милановиќ. Србинот Владислав и Американката Миа веќе некое време се во брак, а нивниот живот го следат стотина илјади луѓе на Јутјуб.

Една од најпопуларните видео-снимки е онаа на која Миа ја пробува традиционалната српска кујна и го оценува вкусот. Тоа се гибаница, ајвар, гурманска плескавица, ќебапи, грав и две торти.

Покрај ручекот неизоставен дел е и салатата, па Миа пробала шопска салата, која ѝ се допаднала и ѝ дала чиста десетка, а вкусот на плескавицата ја воодушевил. И неа ѝ дала десетка.

„Ние во Србија не ставаме речиси ништо врз месото, само по себе е вкусно. Јадеме многу лук“, признал Владислав.

Кога дошол на ред ајварот, Миа сепак не се воодушевила. Бидејќи ќебапите не ѝ се допаднале толку како плескавицата, ним им дала ‘само’ осмица.

На крајот, како што рекла, нејзини фаворити се шопската и мекицата, воопшто не ѝ се допаднале гравот и ајварот.

„Уживав во српската храна“, била искрена Миа.

Сепак, најинтересен дел од снимката е кога сопругот ѝ дал цела чаша ракија и ѝ рекол да ја испие на ‘екс’. Нејзината реакција ја прегледале 300.000 луѓе, а меѓу коментарите имало и Срби, Хрвати и други кои ја пофалиле храброста на госпоѓа Милановиќ.