Твитер заедницата изненадена: „Симпсонови повторно ја предвидоа иднината“

0
257

Симпсонови се емитуваат од 1989-та година, а во нивното 30-годишно постоење, предвиделе многу настани од иднината.

Епизодата на популарното анимирано шоу, под наслов „The Serfsons“ од октомври 2017-та година, била во вид на пародија на Игра на тронови, така што го илустрирала токму она што се случило во претпоследната епизода на Игра на тронови.

Пред крајот на епизодата на Симпсонови, семејството гледа над средновековната верзија на Спрингфилд која ја пали лутиот змеј, а токму тоа се случило кога Даенерис и нејзиниот змеј Кингс Лендинг претвориле сè во пепел.

„Симпсонови повторно ја предвидоа иднината“, коментирале Твитер корисниците, кои биле изненадени од исечокот од епизодата на Симпсонови.

Инаку, Симпсонови направиле и најавна шпица во стилот на Игра на тронови, и тоа уште во 23-та сезона, а во продолжение може да видите како изгледа тоа.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here