Спасовски за однесувањето на Ангеловска и Бектеши: Несоодветно, мора реакцијата да е пред емоцијата

506

Ако лекарите се борат на полето на здравството, медиумите се на првата борбена линија за да ги пренесат информациите навремено, рече Спасовски во врска со новинарско прашање за вчерашната реакција на министрите Ангеловска и Бектеши за време на прес-конференцијата.

-Несоодветно, разговарав со нив и побарав да исконстактираат со вас и ќе мора да имаат поинаков начин на комуникација. Без разлика колку сме под притисокж, мора реакцијата да е пред емоцијата, истакна техничкиот премиер.