Совршенство: Како одекнува песната “Билбил пее во планина” на 2600 метри височина во изведба на Зарина Првасевда (ВИДЕО)

560

Веројатно никогаш не сте слушнале и нема да слушнете нешто посовршено од ова! Песната „Билбил пее во планина” на 2600 метри височина во изведба на Зарина Првасевда е нешто неверојатно. Тука се е толку магично што не ви требаат никакви ефекти, ниту придружни вокали, ехото си го прави своето. Ова е уживање, кое ќе го премотате одново и одново…

Погледнете:

Доколку ова не ви беше доволно слушнете ја и неверојатна изведба на песната “Ој Јано, Јано” од дуото со ангелски гласови, Игор и Ана Дурловски.

Овие се две македонски песни кои ќе допрат до срцето на секој Македонец и во него ќе ги разбудат сите емоции, но иако не е наша во продолжение поднеднете и една друга сосема поинаква но прекрасна изведна во етно стил на песната „Nothing else matters” од „Металика”.

Четирите девојки кои ја сочинуваат музичката група “Тулиа” доаѓаат од Полска и направија прекрасна преработка на легендарната песна “Nothing else matters” од “Металика”.

Девојките песната ја обработиле во етно стил, а резултатот е неверојатен.

Овие девојки претходно направија обработка и на песната „Еnjoy the silence“ од групата Депеш Мод. Уживајте: