Меѓународниот ден на жената, 8 март, како и сите жени и познатите Македонки не го пропуштија и на некој начин го одбележаа, секоја на свој начин.
Покрај многуте мали знаци на внимание со кои се пофалија на социјалните мрежи, моќни пораки со осмомартовски честитки кружеа на Инстаграм, а мегу првите кои ни привлекоа најмногу внимание беа оние на другарките Тамара Тодевска и Катарина Ивановска кои на свој специфичен начин им го честитаа празникот на сите жени.
Пејачката Тамара преку фотографија на која позира со новата фризура го порача следново:
Каде што има жена, таму има и магија!, а доби и специјална честитка од својата ќерка Хана која за мама Тамара рецитираше песничка.
Манекенката Ивановска, пак, со неколку ретро фотографии кои ги направила за потребите на магазинот Вог им посака среќен 8-ми март на сите припаднички на понежниот пол.

Марјана Станојковска на Инстаграм се пофали со низата подароци кои ги доби по повод празникот, па на кратко им порача на сите дами да уживаат во овој специјален ден за нив.

Драги дами, и ние во стилот на Тамара, Катарина и Марјана ви го честитаме овој празник. Не заборавајте, жени сте, можете се!