Палачинките се еден од највкусните десерти на кој веројатно никој не може да одолее, дури ниту кога се обидува да се држи диета или одреден режим на исхрана. Доколку тоа е примерот и со вас, ви ги претставуваме превкусните палачинки кои не дебелеат:
Потребни состојки:
- 45 грама овесни снегулки
- 55 грама кокосово брашно
- 45 грама просо
- Прстофат сол
- 1 лажица кафеав шеќер или мед
- Половина пакување прашок за печиво или 1 лажица сода бикарбона
- 1 лажица безглутенско брашно
- 2 јајца
- 200 милилитри млака вода
- 1 лажица маслиново масло

Начин на подготовка:
Во мелница за каде смелете ги овесните снегулки, кокосовото брашно и просото. Погрижете се сите состојки да бидат фино измелени, особено овесните снегулки. Потоа префрлете ги во поголем сад и додајте ги и останатите состојки. Оставете ја смесата да отстои 15-тина минути во фрижидер.
Следен чекор е подготовката на палачинките. Внимавајте да не сипете преголема количина во тавата, бидејќи во тој случај палачинката ќе ви излезе дебела и не толку вкусна. Печете од едната страна додека не порумени и потоа свртете од другата.
Палачинката можете да ја сервирате со комбинација од мед и какао во прав – совршен додаток на овој необично вкусен десерт. По желба, декорирајте со свежо овошје.





![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)











![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)


















