Ова е најчистата земја во светот – доколку не пуштите вода по одењето во тоалет ќе добиете казна од 500 долари

732

Сингапур поради својата стратешка положба ја нарекуваат Гибралтар во Азија, а на малезиски јазик Сингапур значи ‘Лавји град’.

Во оваа земја со огромно богатство, има по малку чудни и бизарни правила, некои од нив ви ги пренесуваме тука:

1. Светска тоалетна организација (да, тоа постои), основана е во Сингапур. Со оглед на тоа што Сингапурците многу внимаваат на чистотата, доколку по престојот таму во тоалет не пуштите вода, може да бидете казнети со 500 долари.

2. Граѓаните на Сингапур можат да гласаат на британските избори. Да, земјата е членка на Commonwealth и со самото тоа нејзините граѓани имаат право на тоа.

3. Во државата има вкупно 63 острови, а ние не би ви препорачале шетање по истите затоа што се ненаселени или пак служат како воени или индустриски зони.

4. Пиењето пијалак ‘во небото’ таму е возможно, затоа што на врвот од еден облакодер од 282 метри се наоѓа бар, кој што е бар кој што се наоѓа на највисоко место во светот.

5. Сингапур е една од трите дражви во светот која што нема главен град. Останатите две се Монако и Ватикан.

6. Оваа земја има четири службени јазици – англиски, унгарски, тамилски и малајски.

7. Најголемата фонтана во светот се наоѓа таму, а на неа потрошени се шест милиони долари.

8. На сингапурскиот Универзитет многумина се развеселиле кога автоматите за Кока-кола почнале бесплатно да делат лименки откако ќе го прегрнете истиот.

9. Според едно британско истражување, во Сингапур луѓето најбрзо одат, во просек 6.15 км/ч.

10. Гумите за џвакање се забранети, но на странците дозволено им е да носат по две пакетчиња. Повеќе од тоа се смета за криумчарење.