Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ) објави конкурс за најдобри новинарски стории од сферата на општествено-социјалниот живот, со фокус на унапредувањето на човековите права и промовирањето на правата на социјално ранливите и маргинализирани групи граѓани.
Јавниот повик е отворен за сите професионални новинари и редакции кои објавиле свои стории во медиумите во Македонија во периодот од 1 јуни 2017 година до 1 јуни 2018 година. Пријавените содржини треба да ги исполнуваат критериумите за автентична и аналитична новинарска работа од поширок јавен интерес, која ги задоволува етичките стандарди во новинарството преку демонстрирање силна определба на авторот за доследна и темелна разработка на темата.
Авторите на најдобрите стории ќе добијат парични награди во износ од: прво место 700 евра, второ место 600 евра и трето место 500 евра. Изработената содржина може да биде во каква било новинарската форма или жанр (текст, прилог, документарец, репортажа, интервју…) Сторијата може да биде пријавена од самите новинари и медиуми или од поединци, институции и граѓански здруженија.
Бројот на сториите со кои може да учествува еден автор или редакција е ограничен на три, а конкурсот е отворен до 10 септември 2018 година.
Наградите за најдобри стории од сферата на општествено-социјалниот живот, Советот за етика на медумите во Македонија (СЕММ) ги доделува за да ги поттикне новинарите во промовирање на концептот на социјална инклузија и интеграција на ранливите и маргинализирани групи граѓани преку професионална и етичка обработка на темите од јавен интерес.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












