Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, ја најави големата акција за чистење на Скопје, во која јавните претпријатија „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“, во соработка со скопските општини, ќе ги чистат сите градски и општински улици, како и парковите. Акцијата почна од општината Ѓорче Петров, со генералка на улиците Ѓорче Петров, 4 Јули и Социјалистичка зора, а ќе продолжи и на другите улици. Вонредно се ангажирани над 100 работници, заедно со луѓето што општините редовно ги имаат ангажирано. Тие ќе влезат во секоја улица со цел да се подигне хигиената во нашиот град.
„Секоја седмица ќе бидеме во друга општина. Започнуваме во општина Ѓорче Петров, ќе продолжиме со чистење во Карпош, Центар и во Аеродром, а потоа и во преостанатите општини на територијата на градот. Чистата животна средина, секое средено катче од нашиот град и здравјето на граѓаните нека ни бидат основен мотив за успех на оваа акција. Граѓаните се јасни и сериозни во своите барања, а ние одговорно го слушаме нивниот глас градот да биде почист. Придонесот на секој граѓанин ни е важен. Ако сакаме градот да ни биде почист, секој од нас треба да покаже повисок степен на грижа за хигиената во микросредината каде што живее“, рече Шилегов.
Тој додаде дека обврска на градот е да ги одржува улиците чисти, а обврска на секој од нас е да се погрижиме тие улици да останат чисти.
„Да ја дочекаме зимата со чисти улици и со помалку прашина, што води до помало загадување на воздухот. Ајде заедно да го разубавиме нашиот град, местото каде што живееме, работиме, учиме, каде што го поминуваме најголемиот дел од нашиот живот. Заедно да се гордееме со постигнатите резултати, да бидеме пример во регионот и пошироко“, порача Шилегов.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











