Масовна тепачка помеѓу украинските пратеници поради Путин: Овој транспарент направи општ хаос во собранието!

758

За време на денешната седница во украинскиот парламент дојде до жестока тепачка помеѓу пратениците. Во општиот хаос во салата на Генералното собрание учестуваа околу 20 пратеници.

До пресметка дојде кога член од опозицискиот блок Нестор Шуфрич го отстранил трнаспарентот залепен на говорницата, а на кој пишувало “Агентот на Путин Медведучка на суд!”.

Кон него потоа истрча пратеникот на Народниот фронт Јуриј Березов, кој првично го турна, а потоа започна да го удира во главата со тупаници.

Во тој момент настана општа тепачка во која удирал секој кој стигнал. Претседателот на парламентот Андриј Парубиј се обидувал да ги смири разбеснетите пратеници, па после хаосот, ситуацијата сепак се смирила.