Милица Тодоровиќ пред неколку месеци раскина со нејзиното момче, кореографот Милош Пауновиќ, а отогаш живее на Нови Београд.
Милица слободното време го поминува во кафулето кое се наоѓа во близина на зградата каде што живее.
Тодоровиќ пред камерите секогаш е расположена и насмеана, а сега соседите откриваат како пејачката се однесува приватно.
„Утринава беше кај нас. Пиеше капучино. Често доаѓа кај нас. Пријатна е и љубезна. Секогаш остава бакшиш“ вели вработена во кафулето, а убави зборови за Тодоровиќ имаат и вработените во ресторанот каде што Милица често оди.
„За неа можам да кажам се најдобро. Се храни здраво, а што е најважно таа е здрава и психички. Многу културна личност. Често доаѓа со Стеван Анѓелковиќ и неговата сопруга“ вели менаџерот на локалот.
Вработените во еден маркет исто така се воодушевени од русокосата пејачка.
„Таа е една од најнормалните јавни личности кои живеат овде. Нормална, опуштена, често се шегува и е насмеана. Купува цигари, овошје, јајца, млеко…Се што е потребно за дома. Многу е ослабена“ вели продавачката.





![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)










![[ВИДЕО] Снимен земјотресот на главниот аеродром во Венецуела, паѓаат големи парчиња бетон](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/5VAhu-2c245c45-aa5d-4bd2-8e0e-4b72fb8f4f40-218x150.webp)








![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)














