На казна затвор со времетраење од 2 години и шест месеци во случајот „Транспортер“ беше осуден и познатиот музичар и сопруг на пејачката Анета Мицевски од групата „Молика“, пишува „Слободен печат“.
Џими Мицевски беше обвинет во случајот „Транспортер“, во кој казна затвор доби и поранешниот градоначалник на Битола, актерот Владимир Талески и уште двасетина други.
Обвинетите се гонеа за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.
Предметот беше отворен од страна на Специјалното јавно обвинителство, а го водеше судијката Добрила Кацарска..















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















