Алваро Мората се согласил да ја продолжи својата кариера во Милано, но Челзи сака сума од 65-70 милиони евра за шпанскиот напаѓач, што во моментов не е во силите на „росонерите“, тврди „Скај Италија“.
Милан сака да привлече врвен напаѓач до крајот на летниот трансфер прозорец. Другиот играч кој е во видното поле на „росонерите“ е Гонзало Игуаин.
Мората дал согласност да се врати во Италија и се разбрал за своите лични услови со Милан, но Челзи бара несразмерно висока трансферна цена за поранешниот фудбалер на Јувентус и Реал Мадрид.
Радамел Фалко е трета опција пред Милан за нов напаѓач.
Претставниците на Челзи се во Италија да разговараат со Милан за можна продажба на Мората



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















