ПРЕСМЕТКИ, КАЛКУЛАЦИИ: АКО САКАМЕ НА ЕВРО 2020, ИЗГЛЕДА ЌЕ МОРАМЕ ДА ЈА ПОБЕДИМЕ И АВСТРИЈА НА ГОСТИ!!!

77

Иако до 10 октомври и мечевите од 7. коло во Г квалификациската група, остануваат уште точно еден месец, утринава во медиумите во Словенија имаше неколку анализи кои две селекции се најблиску од првите две места кои водат на ЕВРО 2020. Се разбира нив ги интересира нивната селекција, а нас пак нашата. Јасно е дека допрва ќе се прават тие пресметки, калкулации, но факт е дека Македонија како никогаш досега сеуште, после шест мечеви, е во комбинација за пласман на едно големо фудбалско натпреварување.

И ајде да тргнеме по ред…

ВТОРАТА СЛОВЕНИЈА НИ „БЕГА“ ТРИ БОДА

Прва е Полска со 13. следува Словенија со 11, трета е Австрија со 10, а Македонија и Израел по 8. Тука веднаш го отпишуваме Израел, зошто го чекат дуели со Полска и Австрија и со Македонија. Првичните проценки беа дека Македонија ако сака да биде втора, ќе мора да освои уште 8 бодови, но и тие вкупно 16 веројатно се премалку. Имено ако ја „бркаме“ Австрија, а изгледа дека ќе биде така, тогаш Македонија прво мора ја победи Словенија, да не загуби на гости кај Полска, да триумфира кај Австрија и во последното коло дома со Израел да освои три бода. Па така со вкупно 18 бодови сигурно ќе биде второпласирана, а Австрија би имала 17 бодови. Имено австријците играат со Израел дома (3 бодови), со Словенија на гости (1), со Македонија дома (0) и со Летонија на гости (3). Проценките се дека Австрија не смее да освои повеќе од седум бодови, и со нив би имала 17 а Македонија би била со 18. Секако дека тука својата шанса си  чекаат и Словенија и Израел, со кои играме дома, а Полска според сегашната позиција на табелата и според тоа со кого игра до крајот би требало да биде прва. Од друга страна ние се надеваме дека некои резултати нам ќе ни одат во прилог, дека ќе има сензации, но и тоа дека среќата ќе се сврте на нашата страна.

Сепак дури сега можеме да жалиме, да „плачеме“, по тој еден бод дома со Полска или по двата од Израел.

Сега се ќе беше поинаку…вака ни останува само да веруваме во чудо и во нашите „рисови“…

ТАБЕЛА ПО 6. КОЛО

  1. ПОЛСКА 13
  2. СЛОВЕНИЈА 11
  3. АВСТРИЈА 10
  4. МАКЕДОНИЈА 8
  5. ИЗРАЕЛ 8
  6. ЛЕТОНИЈА 0

КОЈ СО КОГО ДО КРАЈОТ

7. КОЛО – 10.10.2019

Летонија – Полска

МАКЕДОНИЈА – Словенија

Австрија – Израел

8. КОЛО – 13.10.2019

Словенија – Австрија

Полска – МАКЕДОНИЈА

Израел – Летонија

9. КОЛО – 16.11.2019

Словенија – Летонија

Израел – Полска

Австрија – МАКЕДОНИЈА

10. КОЛО – 19.11.2019

Полска – Словенија

Летонија – Австрија

МАКЕДОНИЈА – Израел

loading...