Сообраќајната полиција казни Македонец во Дубровник со 1 500 евра

353

Македонец е казнет за тежок сообраќаен прекршок во центарот на Дубровник , поради возење во алкохолизирана состојба.

Најголемата казна што во текот на минатата недела била изречена за сообраќаен прекршок во центарот на Дубровник ,а ја добил македонски државјанин.

На 6. август во 1.30 часот бил фатен 33- годишен македонски државјанин. Тој бил сомнителен зашто возел лево- десно по улицата.

Кога го запрела полицијата , измериле 2,65гр. алкохол на килограм телесна тежина. Тој не запрел на светлосните сигнали на полицијата и кај себе немал возачка дозвола.

Возачот бил однесен во Општинскиот суд во Дубровник , каде му била изречена казна од над 1 500 евра и забрана за возење во рок од три месеци.

loading...