Соња ја убила мечка додека одела да купи чоколадо, телото ѝ било распарчено

847

Жителите прво помислиле дека девојчето Соња Чернигова (14) ја убил волк, но на местото на убиството пронашле траги од мечка.

Девојчето во нападот на мечката во центарот на селото Јодва во руската република Кома се здобила со застрашувачки повреди на вратот, лицето и главата.

Нејзиното унаказено тело го пронашле локалните тинејџери, кои не ја препознале, како и нејзиниот татко Сергеј Чернигов кој тргнал во потрага по ќерката која отишла до продавница по сок и чоколадо, но не се вратила, пишува „Мирор“.

– Не сакав да верувам дека тоа е мојата ќерка, пред моите очи – рекол нејзиниот татко.

„Лицето и беше искасапено и беше невозможно да се препознае. Беше облечена како и сите останати девојки, само палтото ѝ беше препознатливо. Сè беше јасно кога се јавив на нејзиниот број од мобилниот телефон и тој заѕвони во џебот от нејзината јакна“, додал тој.

Мечката барала храна по отпадокот

Споменатото село во последните неколку недели е под опсада на мечки и волци. Жителите се многу исплашени, јавува локалниот весник. Се смета дека мечката го нападнала девојчето барајќи храна по ѓубрето кога девојчето ја изненадило некаде околу 21.45 часот, во моментот додека се уште имало дневна светлина.

Отворена криминална истрага

ПОради овој настан отворена е криминална истрага, за да се утврди дали локалните официјални лица презеле се што било непоребно за да се одвратата дивите животни од селото, а кое се наоѓа на оддалеченост поголема од 230 километри од регионалниот главен град. Волците и мечките со години доаѓаат во селото, а во зима ги јадат и локалните кучиња.

Се очекува по овој настан ловците да добијат одобрение за убивање на локалните мечки. Убиеното девојче Соња за две недели требало да наполни 15 години.

FOTO: Tviter/Printskrin

loading...