Со отсечените глави играа фудбал, а со делови од телата правеа гулаш: Монструозни докази за најмоќниот клан на Балканот

1018

Не може да се занемари фактор дека ниту Сретко Калиниќ од земунскиот клан, а ниту пак Марко Миљковиќ не мислеа многу кога станува збор за брутално убиство на луѓе со кои беа блиски.

Групата на Вељко Беливук (36), наречен Веља Невоља, е многу помонструозна од членовите на „земунскиот клан“, вели Боро Бањац, поранешен шеф на Службата за борба против организираниот криминал, кој работеше на апсењето на таа криминална група во 2003 година. Тој посочува дека земунците биле малку „помеки“, во споредба со групата на Веља невоља.

Неверојатно е дека групата на Беливук ги касапеше жртвите и се натпреваруваа да покажат кој ќе биде прв според направените злосторствата, вели тој. Тоа е болно и монструозно Веројатно на тој начин се докажажуваа. Земунците на нивните членови со запалка им ги гореле тестисите и им ставале безбол палка во анусот доколку случајно направеле некоја глупост.

Тоа беше предупредување за нив. Постои приказна дека тие го убиле Милан Јуришиќ Јуре, го мелеле и го јаделе како гулаш. Сведокот соработник, Зоран Вукојевиќ Вук бил мачен и запален кога помислиле дека ги држи кај себе парите од водачите на Земунскиот клан. Мислам дека не успеаја да добијат признание од него, затоа што кога видоа дека нема ништо, тие го убија, вели Бањац.

Десната рака на Беливук е млад човек, кој ќе наполни 30 години за некој ден, Марко Миљковиќ Маре, а некои го нарекуваат Месар или Касап. Овој наводен прекар го добил поради начинот на кој е осомничен за убиство на три лица – Милан Лјепоја, Горан Величковиќ и Здравко Радојевиќ. Оние што се сеќаваат на злосторствата на Земунскиот клан од почетокот на 2000-тите, не можат да не ги забележат сличностите на начинот на кој и едните и другите ги ликвидираа своите жртви.

Главниот егзекутор на Земунскиот клан таа работа, бил Сретко Калиниќ, кој имал помалку од 30 години за време на извршувањето на злосторствата. Покрај сличните, понекогаш идентични методи, не може да се занемари дека ниту Калиниќ, ниту Миљковиќ немаа грижа на совеста брутално да ги убиваат луѓето со кои беа пријатели до вчера.

Така Калиниќ ги уби земунците Милан Јуришиќ Јуре, Зоран Повиќ Пова и Зоран Вукојевиќ, како и Цветко Симиќ, чии делови од телото, освен главата, беа пронајдени на загрепскиот Јарун. Миљковиќ, пак, брутално го уби Здравко Радојевиќ, момче што го познаваше од Котеж. Наводната причина за убиствата и на едните и на другите беше судир на интересите. Жртвите, од една или друга причина, им пречеа.

Според информациите добиени од упатени во истрагата против групата на Беливук, Миљковиќ ги убивал жртвите на најбрутален можен начин. Откако некој од бандата ќе ги намамеше да дојдат во куќата во Ритопек, тие не излегуваа од таму.

Членовите на криминалната група на Вељко Беливук, која го презеде приматот во белградското подземје во последните години, комуницираа исклучиво преку апликацијата Скај.

Дојдовме до ужасни откритија, од кои некои ќе бидат објавени за да видиме за какви чудовишта се работи, вели извор од истрагата.

Кланот на Беливук, преку Скај апликацијата која користи шифрирани податоци, ги договораа сите бизниси, тие тргувале со наркотици, нарачувале убиства, договарале активности. Во таа апликација се пронајдени и монструозни снимки. На нив се гледа како убиваат луѓе, како ги најстрашно ги мачат, им ги сечат главите! Тие им ги сечеле јазиците, носот, ушите на луѓето, ги касапеле мртвите, ги сечеле телата на парчиња и ги топеле во киселина. А со нивните глави играле фудбал.

Тоа било закана за нивните противници и соработници доколку одбијат да сторат нешто. Во неколку наврати тие ги испратија снимките до семејствата на убиените, открива извор од истрагата.