Со годините се поубава: Вака изгледаше Лила пред две децении (фото)

231

ТВ водителката Лила Филиповска успеа да биде секогаш на висина на задачата, а во својата работа да стане неприкосновена, а пак физички со текот на годините да биде уште поубава.

Таа е една од најпознатите македонски ТВ лица, а гледачите популарната водителка последниве години, речиси една деценија, ја препознаваат по најгледаното квиз- шоу кај нас, „Се или нешто“, на ТВ Сител.

Нејзините почетоци во работата како „самостоен обезбедувач на сопствената егзистенција“ се врзани за здравството, поточно социјалните грижи, зашто Лила започнала да работи како сестра – негувателка, но бргу сфатила дека поривот ја влече кон нешто што поврзано со јавната професија, па во тогашната „Зимско рекреативната програма“ на МТВ ги прави првите водителски чекори. Но, дури откако ќе помине на ТВ Сител каде е и ден денес „незамнелива“ во нивниот забавен сегмент, станува она што е – препознатливо и популарно ТВ лице.

View this post on Instagram

Love is love 💙💙💙

A post shared by Lila (@lilafilipovska) on

Нејзината популарност ескалираше токму со квиз. „Енигма“ нејзиниот прв и омилен квиз, кој беше пандан на квизот што и го одбележа детство, „Квискотека“. Потоа имаше години каде што водеше ток-шоуа и забавни емисии, за последниве години повторно да ѝ се врати на својата прва љубов – квизот.

Дновиве во страдниот ТВ магазин „Бекстејџ“, Лила зборуваше токму за љубовта кон квизовите, дека понекогаш сака и таа да се натпреварува, па дури и додека играат учесницит, таа во себе си има претоставки.

ФОТО:ПРИНТСКРИН/ЈУТЈУБ

Инаку, деновиве започна да се снима новата сезона на квизизот „Се или нешто“, па Лила повторно му се враќа на банкарот и натпреварувачите.