Искусните домаќинки знаат: Еве зошто е добро да додадете лушпа од јајце во супата

80

За супата да биде побистра и повкусна, применете некои од советите на искусните готвачки…

За да приготвите што е можно повкусна супа, треба да искомбинирате што повеќе видови месо – говедско, телешко и пилешко. Додајте и повеќе зеленчук – магдонос, целер, пашканат…

Добро посолете ја дури откако ќе зоврие. Супата секогаш е повкусна доколку се вари полека, на умерена температура, а зеленчукот се додава дури откако ќе се отстрани пената од површината. Во супата додајте и чаша ладна вода.

Ако ви се чини дека е матна, изматете белки и ставете ги во супата додека се вари. Говедската супа ќе биде побистра ако додадете лушпа од јајце во неа во текот на варењето.

Печете ги лушпите од јајца десетина минути во рерна на 180 Целзиусови степени, оставете ги да се изладат, а потоа издробете ги додека парчињата не се претворат во прав. Добиената смеса можете секојдневно да ја додавате во супи и во варени јадења и со тоа да го зголемите внесот на калциум кој му е неопходен на секој човек за здрави коски.