Пилотот повикал брза помош, полиција и гранична полиција, а аеродромот Бориспољ го потврдил инцидентот.
Видео снимката од аеродромот во Киев ја шокирала јавноста и авиокомпанијата која што штотуку ги симнала патниците од авионот – една жена одлучила да се прошета по крилото на авионот.
Имено, на жената која што со својот сопруг и двете деца се враќала од годишен одмор од Турција, очигледно ѝ се брзало да излезе од авионот „Boing 737-86N“ со кој што долетала, па „поради тоа што ѝ било жешко“ ја отворила вратата која што се користи во случај на опасност и „прошетала“ по крилото од авионот.

Тоа веднаш го забележале безбедносните камери, а снимката го обиколи цел свет.
Мајката на двете деца добила забрана за понатамошно летање со авион, поради овој инцидент којшто го направила.
„Авионот слета и речиси сите патници излегоа надвор. Оваа жена „прошета“ по крилото на авионот, тврдејќи дека не можела да чека за да излезе од авионот поради тоа што ѝ било жешко. Нејзините деца беа изненадени кога го видоа тоа, па викаа „Тоа е нашата мајка““ – објаснил некој од туристите кој што допатувал со истиот авион.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















