Снежно невреме ја зафати Словенија – Се приближува ли кон Македонија?

730

Словенија во последниве два дена доживеа потполен пресврт на времето кога ја зафати снежно невреме, а според она што го кажуваат метеоролозите кај нас студтениот бран доаѓа и кон Македонија.

Снежната виулица создаде долги колони на автопатиштата околу Љубљана, пренесува СТА. Силното невреме го попречува сообраќајот во долината на Випава, каде што ветерот дува и до 90 километри на час.

Според прогнозите, студениот бран во Словенија ќе трае три дена, а температурите ќе се спуштат и до минус 10 степени.

Од она што можеме да го погледнеме на социјалните мрежи промената во само 48 часа е неверојатна. Од сончеви и разеленети полиња, до снежни и замрзнати дрва и овошки.

Метеорологот Славчо Попоски информира дека во нашата земја денес ќе има повремени врнежи од дожд на повеќе места. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег, додека кон крајот на денот и во вечерните часови поради продор на постудена воздушна маса од север, услови за послаби врнежи од снег ќе има и на некои пониски места, особено во западните предели. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец, додека Долж Повардарието истиот ќе биде од северен правец. Максималните температури ќе се искачуваат во интервалот од 6 до 14 степени.

Од четврток ќе има стабилизирање на времето, додека утринските температури на повеќе места ќе се спуштаат под нулата. Дневните температури ќе бележат тенденција на постепен пораст.