Она што е неопходно и нужно во периодов е носење на сет на антикризни мерки за здравјето на граѓаните и помош за погоденото стопанство. Во текот на вчерашниот ден во консултација на тимот доктори и членови на комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ, како и економскиот тим изработивме и денес нудиме сет антикризни мерки за заштита на граѓаните и помош на бизнисот.
Ова го истакна денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ ги предлагаме следниве економски антикризни мерки за месец март:
„Прво, предлагаме замрзнување на обврските на компаниите кон државата, чија што работа е погодена со настанатата ситуација со корона вирусот.
Второ, замрзнување на обврските на компаниите кон банките и заемодаваталите за месец март, чија што работа е погодена со состојбата на корона вирусот.
Трето, државата односно владата да преземе обврска за месец март да ги сторнира и плати каматите на граѓаните и стопанството кон банките и заемодавателите.
Четврто, државата да ги плати трошоците за вработените во компаниите погодени од состојбата со корона вирусот до висина од 50-тина проценти, знаете тоа се секторите кои што се најмногу погодени како што е туризмот, како што е угостителството, како што се текстилната индустрија, кожарската индустрија и останатите сектори.
И конечно последно, потребно е веднаш да се направи анализа на сето она кое што е погодено од новостанатата ситуација со корона вирусот и врз основа на таа анализа да се детектираат кои се економските оператори, компаниите кои што се погодени и веднаш на истите да им се помогне.
Ова е сетот мерки економски кои што ги предлагаме веднаш сега за месец март, веднаш по прогласување на состојба на криза од страна на владата“-порача Мицкоски.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















