Слушнала интензивно лаење и се вознемирила: Питбулот ги зарил забите во пелените на бебето, а причината за тоа ќе ве остави без зборови

0
516

Чување на куче додека имате мало бебе е ситуација која може да предизвика загриженост кај некои луѓе, особено кога станува збор за кучиња чија репутација е дека се “агресивни”.

Веројатно на врвот на оваа категорија се кучињата од расата питбул, бидејќи често се сметаат за непредвидливи и понекогаш опасни.

Но, една мајка од Калифорнија има за што да му се заблагодари на своето милениче, бидејќи го спаси нејзиниот и животот на нејзиното бебе.

Латана Чај, неодамна била погодена од страшна трагедија кога била сама дома со своето 7 месечно бебе Масила и семејното куче Саша, која има 8 месеци.

Околу полноќ на 3 јуни мајката изненадно ја слушнала Саша како гласно лае и гребе по вратите. Забележала дека лаењето е сè поинтензивно и веднаш се вознемирила, бидејќи знаела дека нешто не е во ред.

Латана Чај вели дека бебето и кучето се родени само неколку дена разлика и секој момент го поминуваат заедно, делејќи го креветот па дури кадата.

“Слушнав гласен тресок и се прашав што се случува? Ја слушнав Саша како завива и постојано скокаше на вратата. Веднаш штом дојдов до вратата таа влезе и започна да лае”, рекла Латана.

Ја отвори вратата за да погледне на што му лаеше кучето надвор и погледнала црн чад и пламен кој излегува од соседната куќа. Пожарот брзо се проширил и во нејзината куќа.

Латана веднаш истрчала до собата на ќерката, но со чудење гледаше како кучето го извлекуваше бебето, брзо, но нежно така што ги зари забите во нејзините пелени и ја извлече од опасност.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

Please enter your comment!
Please enter your name here