Легендарниот капитен на Челси се сетил на еден од посмешните моменти во својата кариера.
Џон Тери речиси целата своја играчка кариера ја минал во дресот на Челси, тимот со кој освои речиси се што можел, а истовремено неговите најблиски не навивале за тој клуб, ниту за него, па имало дури и непријатни сцени.
Легендарниот стопер својата кариера ја започнал во градскиот ривал на Челзи, Вест Хем, но во 1995-та година одлучил да премине во младинската академија на “сините”, нешто што фановите на Вест Хем никогаш не му го простиле.
Тери за Челси дебитирал четири години подоцна и одиграл во 18 сезони во овој клуб.
Последната сезона ја одиграл за Астон Вила, а се пензионирал пред две години. Тој е една од иконите на “Стемфорд Бриџ”, иако во детството бил навивач на Вест Хем. Поради тоа имал некои навистина неверојатни моменти во кариерата.
Тој неодамна раскажал необична анегдота за натпреварот Челзи-Вест Хем. Тогаш дал гол против клубот во кој ги направил првите чекори и одлучил да го прослави голот пред навивачите на Вест Хем.
“Целото мое семејство навива за Вест Хем. Еднаш им дадов гол и отидов да го прославам пред нивните навивачи. А таму ги видов татко ми и чичко ми кои ме навредуваа и ми викаа. Чичко ми ми покажа и среден прст, а мислам дека постои и фотографија од тоа”, рекол Тери.