Славчо Попоски: Доаѓа Ива, носи поинтензивни врнежи, локални грмежи и услови за поинтензивни процеси

342

До крајот на денов ќе има локално врнежи од дожд и тоа петежно во западните и северните предели на државава, има услови и за ретки грмежи.

Нов поинтензивен влажен бран од запад очекуваме утре кога повторно ќе има врнежи од дожд насекаде низ државава, локално врнежите ќе бидат поинтензивни а има услови и за расвој на локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи и тоа особено во југоисточните предели каде локално можно е процесите да бидат застапени во форма на невреме.

 

Локално се очекува да наврнат нови над 20 л/м2 воден талог.

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 10 до 18 степени.

Од среда под влијание на значително постудена воздушна маса од север ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец кој ќе услови големо опаѓање на температурите (за околу 10 степени), ќе има и локални врнежи од дожд додека на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег каде се очекува формирање на снежна покривка, во среда доцна попладне и навечер како и во четврток послаби врнежи од снег ќе има и на некои пониски места.

Најстудено ќе биде во петок кога минималните температури на некои места ќе се спуштат до околу, па и под -10 степени додека максималните дневни ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени.