По сите кавги и навреди, Јелена Карлеуша ја пофали Вики Миљковиќ

123

Започна новата сезона на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“, а Јелена Карлеуша не крие дека е воодушевена што повторно ќе биде дел од жирито и вели дека тоа го прави од љубов, а не поради пари.

Таа откри дека во новата сезона ќе биде строга кон кандидатите кои не треба да плачат поради тоа, иако во претходната сезона многумина пуштија солзи.

„Ќе бидем уште построга, а ако ми се плашат тоа значи дека ме слушаат и ме почитуваат. Јас не сум им мајка, ниту другарка, ни татко, јас сум тука како професионалац и треба да ја искористат мојата желба што сум тука. Со причина им ги давам моите совети, па треба да ги почитуваат, да ги слушаат. Кога сум строга да не плачат туку да направат нешто од своите животи“ вели Карлеуша.

Во новата сезона, Вики се појави со нова фризура, а Карлеуша го прокоментира новиот имиџ на колешката.

„Ми се допаѓа. Немој да се шегувате со Вики, за тоа сум јас задолжена. Супер ми е Викица. Што би правеле без Вики? Тоа не е тоа. Саша толку многу пати сакаше да ја избрка од жирито бидејќи Викица е специфична…Јас му велам: „Саша, зошто секоја година сакаш да ја избркаш Вики?“, а тој вели: „Зошто ни е Вики?“…па јас му велам: „Пушти, Вики ми треба…“ вели Јелена, па објасни дека се шегува.

„Се шегувам, се шегувам. Вики е супер. За секој од жирито има место под сонцето. Вики се покажа како одличен ментор претходната година и јас и честитам“ вели Јелена.

Карлеуша со сопругот Душко Тошиќ и двете ќерки беше на одмор во Опатија, во луксузната вила и јахта на Саша Поповиќ.

„Мене ми беше многу убаво во Опатија кај Саша. Тој има прекрасна куќа, бевме на прекрасни плажи, острови. Посетувавме преубави ресторани, имаше прекрасна храна, се беше идеално. По сите случувања, заслужив да се одморим. Тој максимално се потруди да ги наполнам батериите за новата сезона. Му благодарам на тоа и на неговата сопруга Сузана, мојата другарка. Тие беа прекрасни, прекрасни домаќини“ вели Карлеуша и објасни дека Сузана изгледа одлично без фотошоп.

Првата емисија од музичкото шоу ќе се емитува оваа сабота на Канал 5 телевизија.

loading...