Скопјанец се вратил од Словенија, но не ја почитувал самоизолацијата, ќе плати 2000 евра

170

Jавен  обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 17 март се вратил во земјава по престој во Словенија, како ризична земја за ширење на коронавирусот COVID-19 и на граничнот премин Табановце потпишал изјава дека ќе спроведе задолжителна самоизолација во период од 14 дена во неговиот дом. На 18 март, при извршената проверка, полициските службеници не го затекнале во домот.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот кривичен суд Скопје му предложи на лицето да му изрече парична казна од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​