Еден од најценетите рапери во историјата на овој жанр во 2011-та година снимил песна во која пејачката ја нарекува со погрдни имиња и тврди дека и тој би постапил како Крис Браун, кој како што знаеме ја претепа Ријана додека беа во љубовна врска.
Еминем (47) и Ријана (31) заедно снимиле две песни – “Love The Way You Lie“ и нејзиниот втор дел, и двете откако во февруари 2009-та година убавата пејачка беше претепана од страна на своето тогашно момче Крис Браун (30).

Познато е дека непосредно пред ноќта на доделувањето на “Греми“ наградите, Браун ја напаѓал Ријана и преку неговите песни што наишло на голема осуда од страна на неговите колеги. Меѓутоа, очигледно Еминем не е меѓу оние кои застанале на страната на Ријана.

На интернет се појавила неговата песна од 2011-та година со наслов “Things Get Worse“, во која раперот вели:
„Секако дека сум на страната на Крис Браун, и јас би претепал ку*ка“.
Никој од споменатите ѕвезди досега не се огласил поради ова, а обожавателите на Ријана секако дека “го нападнаа“ Еминем на Твитер, а се издвоил еден коментар во кој пишувало дека доколку не била Ријана, никој досега немаше да има слушнато за Еминем.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



