Во Лас Вегас ќе бидат одржани најголемите оргии на светот

858

Стотици сексуални ентузијасти ќе се обединат во Лас Вегас за да го соборат рекордот за најголемите оргии на светот. Се очекува повеќе од илијадници луѓе да се придружат на монументалниот настан во Невада следниот месец, пренесуваат светските медиуми.

Учесниците можат да “играат” само со своите партнери или други учесници под еден услов, да постои обострана согласност.

Картите чинат 200 долари за парови, жени кои самите ќе платат 25 долари, додека на слободните мажи влезот им е забранет. Сепак, организаторите ќе направат исклучок за слободните мажи кои се во групи.

Најголемите оргии на светот се забележани во Јапонија 2007 година на кои присуствувале повеќе од 500 парови. Организаторите “Menage Life” кои стојат зад овој настан во Вегас, најавија дека овој настан ќе биде организиран на 2 јуни и ветија дека рекордот ќе биде соборен.

Овој настан се одржува во склоп на фестивалот Sin City 8 кој се одржува на 30 мај. Сите мора да имаат влезници за да можат да учествуваат на овие настани кои вклучуваат забави на базен, тематски вечери, игри, посета на секс шопови.

Сите учесници ќе добијат кондоми, крпи, средство за дезинфекција на рацете и маски. Околу нив ќе има обезбедување, а посебно ќе се набљудува во одделот за “играње”, порачуваат организаторите.