Ѕвездата од серијата “Сексот и градот“, поточно глумицата Синтија Никсон на “Инстаграм“ објавила фотогафија од својот син и признала дека тој е транссескуалец.
Глумицата го подржала синот на доделувањето на факултетските дипломи, а во описот на нивната заедничка фотографија нагласила :
“Многу сум горда на својот син Семјуел Џозеф Мозес којшто дипломираше. Сакам денешниот ден за сите трансексуалци да биде ден на акција“, напишала Синтија.
Таа е толку амбициозна, така што освен што успешно се реализираше како глумица, таа имаше и политички амбиции, па се кандидираше за градоначалник на Њуојрк.
Таа самата признала дека после успехот на серијата живеела во лагите на хетеросексуален брак. Од 1998 до 2003 година Синтија била во врска со школскиот учител Дени Мозес. После разводот Синтија започнала да се состанува со Кристина Маринони во 2004 година.
Тие се вериле во април 2009 година, а се венчале на 27 мај 2019 година во Њујорк.
Мариони го родила синот, Макс Елингтон во 2011 година кој е зачнат од донор на сперма.