Синот на Муса Џафери го нападнал претседателот на Регулаторна, Марко Бислимоски (ВИДЕО)

1302

Порталот DW на Македонски, објави видео, каде е нападнат Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски.

Доцна синоќа во Скопје физички е нападнат претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. Причина за нападот е постапката за одземање на лиценца на фирма која се занимава со снабдување со струја.

Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски во понеделникот доцна вечерта.

Џафери барал од Бислимоски да ја запре постапката против неговата фирма, а кога тој одбил, Џафери почнал да го удира по главата.

Полицијата брзо пристигнала на местото на настанот, но не успеала да го пронајде напаѓачот.

Причината за нападот врз Бислимоски е одлуката на Регулаторната комисија од 23 септември годинава да започне постапка за одземање на лиценцата за снабдување со електрична енергија на фирмата на синот на Муса Џафери. Врз основа на пријава од МЕПСО, од каде алармирале дека фирмата „У Пауер“ ја нарушува стабилноста на системот за електрична енергија и неоправдано троши резерви на струја за сопствен профит, од РКЕ одлучиле да поведат постапка против компанијата.

Link од видеото

https://fb.watch/8sZ4J_vbdO/

Преземено од DW на Македонски