Силно торнадо во Италија носело сè пред себе: Летале производи од трговскиот центар, уништени автомобили

904

Силно торнадо ја погоди Италија, а особено опасно е во Калабрија. Силата на природата и овој пат ја забележале граѓаните кои со своите мобилни телефони снимиле како торнадото уништува сè што ќе му се најде на патот.

Природната катастрофа најсериозно го погодила трговскиот центар “Le Spighe”, каде ветрот буквално ја подигнал робата од складиштата во воздух, вклучувајќи и апарати, а притоа бил повреден еден работник.

Торнадото уништило и неколку автомобили кои биле паркирани. Во северниот дел на Кротоне, торнадото откорнувало стебла и кровови, а голема среќа ималo едно 25-годишно момче кое пожарникарите успеале да го спасат од огромната дупка која настанала на патот.