Што сте седнале толку далеку, да не се плашите? Путин на состанокот со воениот врв имал урнебесна реакција

711

Претседателот на Русија, Владимир Путин, се пошегувал во текот на состанокот со раководството на Министерството за одбрана и воена индустрија на сметка на својата маса која била подалеку од останатите.

“Што сте седнале толку далеку? Вие се плашите од мене или мене ме чуваат од вас?”, се пошегувал Путин.

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу на шега одговорил: “Владимир Владимирович, ние се плашиме од вас”.

Дистанцата, секако, е направена поради епидемијата на коронавирусот.