Комисијата за заразни болести денеска треба да одржи состанок каде ќе се анализира состојбата со ковид-19 во Македонија и ќе се одлучува дали ќе бидат воведени поригорозни мерки како полициски час или карантин.
Министерот за здравство Венко Филипче, во четвртокот изјави дека се потребни околу две недели, за да се види ефектот од досегашните мерки, како задолжителното носење маски на отворено, забранетото групирање на повеќе од четири лица во текот на целиот ден, како и работењето на угостителски објекти до 21 часот.
– Очекуваме дека пред нас е период, во следните недела до две, во којшто дефинитивно ќе ги видиме ефектите од рестриктивните мерки. Очекуваме бројот на новодијагностицирани пациенти во тој период да се стабилизира и за во тој период после тоа бројката да се намалува, изјави Филипче.
Министерот сепак дополни дека Комисијата за заразни болести ја следи ситуацијата и дека доколку е потребно после викендот ќе бидат препорачани дополнителни рестриктивни мерки.
Бројот на дијагностицирани на ковид-19 од почетокот на епидемијата во земјава надмина 47 илјади (47.050) со најновите 990 потврдени во вчерашната статистика за поминати 24 часа. Починати досега се 1.305 луѓе. Во последниот извештај Министерството за здравство соопшти дека битката со опасниот вирус во претходното деноноќие ја загубиле 24 пациенти на возраст од 41 до 86 години. Регистрирани се и 382 оздравени, со кои досега излекувани се вкупно 27.364.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)












