„Што не е во ред со луѓето?“: Снимката од протестите во САД ги разбесни граѓаните уште повеќе, девојче плаче и вреска од болка, а тие

193

Едно девојче било снимено како вреска од болка откако полицијата наводно го испрскало со солзавец на протестите кои што се случуваат во САД поради смртта на Џорџ Флојд.

Детето врескало и викало: „Не можам да гледам“, откако на главата ѝ истуриле млеко за да ги ублажат болките поради солзавецот.

Присутните исто така биле снимени како го прскаат девојчето со непознати супстанции со цел да ѝ ги ублажат болките.

Оваа застрашувачка сцена ја снимиле луѓето кои што се наоѓале во близина, па ја споделиле на социјалните мрежи.

„Што не е во ред со луѓето?“ – се запрашал Еван Мајкл кој што ја споделил снимката.

Демонстрантите жестоко реагирале на повреденото дете, па дури некои од нив влегле во конфликт со полицијата, а истата ги запишала нивните имиња.

Како што изјавил Мајкл, во тек е истрагата против еден од полицајците кој што наводно користел солзавец врз детето.

Овој немил настан, се случил на демонстрациите поради убиството на Флојд во Минеаполис во Минесота.

Да ве потсетиме дека Флојд почина откако полицаецот Дерек Шовин му го притискал вратот со своето колено речиси девет минути во моментот на неговото апсење.

Градоначалничката на Сиетл Џени Дуркан вовела полициски час од 17 часот во градот и забранила носење на оружје.

Повикана била и Националната гарда за да помогне во контролата врз протестите по нередите што се случиле за време на викендот.