Британската кралица Елизабета била меѓу првите кои што биле известени дека „Народната принцеза“ загинала во сообраќајна несреќа во Париз на 31-ви август 1997-ма година.
Кралицата во тој момент била во Балморал со својот син, принцот Чарлс и нејзините внуци Вилијам и Хари кога ја примила шокантната вест.
Принцезата Дијана била на одмор со своето момче Доди Фајед кога нивниот автомобил удрил во столб во подземен тунел во централното градско подрачје на Париз. Сепак, истрагата утврдила дека парот доживеал несреќа поради „невнимателно однесување“ на нивниот пијан возач Хенри Пол.
Сега, документарен филм открива дека кога кралицата ја примила веста за смртта на Дијана, веднш прашала дали станува збор за убиство.
Документарецот во кој новинарот Џереми Пакман ги истражува животите на Чарлс, Ана, Ендру и Едвард во две епизоди, исто така открива дека Чарлс „апсолутно се распаднал“ откако ја примил веста за смртта на Дијана.
„Веднаш знаеше дека тоа е ужасно, дека ќе го обвинуваат за смртта на Дијана“, вели авторката Тина Браун. Исто така, откриено е дека кралицата и Чарлс одлучиле да не ги разбудат малите принцови и да им ја кажат страшната вест до следното утро. Новинарот и пријател на Дијана, Ричарт Кеј тврди: „Ставот на Кралицата беше дека децата се првиот приоритет“.
Документарецот исто така открива дека кралицата и Чарлс се скарале околу тоа како телото на принцезата ќе биде вратено во Велика Британија. Принцот од Велс сакал да отпатува во Франција во кралскиот авион за да го врати телото на неговата поранешна сопруга, но кралицата рекла не.