Шлаканицата не е проблем: После инцидентот во Франција, се огласи и Макрон!

98

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, се огласи после инцидентот, кога во текот на разговорот со граѓаните, еден маж му удрил шлаканица, истакнувајќи дека се работи за изолиран настан и дека не треба да му се дава големо значење.

„Не треба да им се дозволи на агресивни луѓе да владеат на јавна дебата. Тие не го заслужуваат тоа. На тоа треба да му се даде ограничено значење, бидејќи се работи за посебен инцидент. Тоа не треба да ги фрли во сенка останатите важни теми“, рекол претседателот на Франција, пренесува локалниот портал „Дофин“.

Тој додал дека ништо нема да го спречи да разговара со луѓето.

Да потсетиме, за време на посетата во францускиот департман Дром, еден од присутните на улицата му удрил шлаканица на Макрон.

Пред да го удри, човек од јужниот француски регион Дром, извикувал „Долу Макрон!“.

После овој инцидент, приведени се две лица.