Чешка робинка вовлекувала малолетнички во педофилската мрежа на милијардерот! Како девојче била жртва на болните перверзии на манијакот Епстајн

820

Манекенката Нада Марчинкова, која многумина ја идентификувале како соработничка на милијардерот педофил Џефри Епстајн во “регрутирањето” на малолетнички за секс, е Чехиња, чие семејство по Кадифената револуција се преселило во Југославија!

Марчинкова, на која и се закануваат обвиненија за вовлекување на девојки и малолетнички во мрежата на сексуални робинки, меѓутоа, како тинејџерка и самата била жртва на серискиот педофил, откриваат официјални документи.

Извештајот за истрагата на полицијата во Палм Бич во Јужна Флорида од 2005-та година, до кој дошол Daily Mail, открива дека Епстајн на најмалку една малолетна жртва и рекол дека Нада Марчинкова е негова “југословенска сексуална робинка”.

Неколку девојки тогаш изјавиле дека Епстајн ги терал на секс со Марчинкова, а дека чинот на крајот прераснувал во групен секс со него и манекенката.

“Епстајн ја купил од нејзиното семејство во Југославија. Се фалел дека ја донел во Америка да биде негова сексуална робинка”, напишал детективот Џозеф Рикари по разговорот со една од жртвите.

Жртвите на инспекторот наводно му рекле дека Марчинкова била малолетна во текот на повеќето инциденти. Немала ни 16 години кога таа и уште една малолетна жртва биле принудени мануално, орално и со помош на играчки сексуално да се стимулираат меѓусебно, додека Епстајн ги гледал и се задоволувал во креветот.

Истата неименувана девојка почнала да плаче додека зборувала дека во текот на периодот од две години многу пати во вилата на Епстајн во Палм Бич и дека заработила илјадници долари.

На почетокот била дополнително платена за орално задоволување на Марчинкова, а со секоја нова недела “ситуацијата ескалирала”, се наведува во споменатиот извештај. Во една прилика Епстајн наводно ја силувал по орален секс меѓу неа и Марчинкова.

“Раскажа дека главата и била прикована за креветот…Врискала “не” и Епстајн престанал”, се наведува во извештајот.

Кратко после тоа, жртвата раскажала дека Епстајн и купил автомобил за лична употреба.

Друга девојка детално опишала слични работи кои се случувале кога веќе била полнолетна. Таа прв пат го запознала Епстајн на 18 години, кога орално го задоволувала, но го одбила неговото барање тоа да го прави со други девојки. Еднаш од неа барал да се самозадоволува додека гледала секс меѓу Епстајн и Марчинкова.

Трета жртва, која на полицијата и кажала дека на 16 години прв пат имала сексуален однос со Марчинкова, навела дека Епстајн ги фотографирал двете во сексуален чин во својата куќа. Марчинкова подоцна регрутирала други девојки и на крајот го прекинала контактот со Епсајн, се дознава од полициската документација.