Шилегов: Не може улица што сите ја знаат како Железничка да се вика Јордан Мијалков

63

Не се работи за тоа дали некој заслужува улица со негово име, туку во прашање е традиција, вели градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во врска со одлуката за промена на имињата на дел од улиците.

-Градот е традиција, имињата на улиците се традиција. Зошто да се брише споменот на хуманоста на Мексико, кога мојата улица со години наназад се вика Мексичка. Не може улица што сите ја знаат како Ленинова наеднаш да стане Аминта Трети, не може улицата што сите ја знаат како Железничка да се вика Јордан Мијалков – изјави Шилегов на Сител.

Во врска со обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека со промената на имињата на улиците се прави идентитетски геноцид, Шилегов рече дека пред десет години, кога се менуваа имињата на улиците, никој не ги праша скопјани дали се согласуваат со тоа.