Младата бугарска пејачка Сузанита едвај дочека да стане полнолетна, па му ја летна за Турција да стави силкони во градите (ФОТО)

61

Младата бугарска ѕвезда не може да им се изнарадува на своите нови силиконски гради, па каде стигне  ги покажува со задоволство, иако според некои, линијата на пристојност оддамна ја поминала. На почетокот на оваа година, Сузанита повторно вградии силикони – овој пат во Турција, па го разголи деколтето и сподели сè што се гледа со своите следбеници на Инстаграм.

Првин, таа објави фотографија од болничкиот кревет на клиниката каде што беше извршена интервенцијата, а сега го покажа и резултатот. Своето деколте го наполнила со вкупно 750 кубици, што е прилично несоодветна големина за нејзината кревка фигура, велат упатените во оваа проблематика. Се шпекулира дека интервенцијата била подарок од нејзините родители за нејзиното неодамнешно полнолетство, иако операцијата се случила точно на роденденот на нејзиниот татко.

Сузана има и други корекции, но на лицето, на кое ги зголеми усните и ги исправи јаготките. Сузанита избројала повеќе од 7 бона во бугарски левови за своите нови ци*ки.  Точната сума е 3370 евра. Вклучува сè, дури и престојот на Сузи, како и процедурите за опоравување. Младата пејачка очигледно значително ги наполнила пазувите со по 350 кубици во секоја града.

„Сега сум целосно опоравена“, изјавила Сузи, која еден ден помина под медицински надзор на клиниката.

„Многу сум среќна. Не чувствував болка. Вториот ден танцував без никакви проблеми, а подоцна и отидов и на фризер, но под карантин“.

По враќањето од Турција, таа мора да остане изолирана две недели, според пропишаните здравствени протоколи.

„Едвај чекам да излезам и да ги прошетам моите нови ци*ки“ – откри младата силиконска убавица.

„Јас сум веќе толку добра што ме сакаат 70% од Бугарите“, додаде во доверба младата пејачка. Сузанита долго време имала намера да ја „фризира предницата“, но нејзините родители наводно не и дозволувале додека не наполни 18 години.

Точно неколку дена по полнолетството, таа замина за Турција и ги стави огромните балони во градите.

Најверојатно ова бил нејзин подарок за љубовникот, за „Денот на вљубените“!?

Извор: HotNews.bg