Шест сообраќајки изминатото деноноќие во Скопје, четворица лесно повредени

967

Четири лица се здобиле со лесни телесни повреди во шест сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Според МВР,  полицијата санкционирала 68 возачи кои се движеле со поголема брзина од дозволената, еден возач под дејство на алкохол, шест пред да се стекант со право на управување моторно возило и тројца почетници.

Исклучени од сообраќај биле и три возила со истечена важност на сообраќајната дозвола.

Издадени се и 24 казни за непрописно паркирање, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 70 возила.

Санкционирани се и седум возачи кои поминале крстосница на црвено светло, двајца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, еден за неправилно престројување, 12 возачи за не поседување пропишана зимска опрема во возилата, еден за не носење сигурносен појас од страна на возачите за време на управување на моторни возила и девет за користење на мобилен телефон од страна на возачите за време на управување на моторни возила.