Првата и основна препорака од епидемиолозите во врска со коронавирусот е миење на рацете, а оваа фотографија совршено објаснува и зошто.
Коронавирусот, односно Ковид-19, се шири низ светот, а сите здравствени експерти како прва линија на одбрана препорачуваат миење на рацете.
Постои голема разлика помеѓу добро измиени раце, а тоа совршено го прикажува оваа фотографија.
На социјалната мрежа Инстаграм кружи фотографија која што низ шест помали фотографии ја прикажва разликата помеѓу неизмиените раце, лошо измиените раце и правилно измиените раце.
На првата фотографија прикажана е рака која што не е измиена, потоа рака која што само е измиена со вода, рака која што шест секунди е миена со вода без сапун, потоа рака која што шест секунди е измиена со сапун и вода и на крајот рака која што 30 секунди е измиена со сапун и вода.
Првите неколку фотографии откриваат дека на рацете постојат голем број бактерии додека пак на последната фотографија прикажано е дека раката е целосно чиста – заклучок, мијте ги рацете по 30 секунди со вода и сапун.
Како правилно да ги измиете рацете?
– Нанесете доволно сапун за целата дланка.
– Тријте дланка од дланка.
– Измијте ја и горната страна од дланката.
– Тријте дланка од дланка со испреплетени прсти.
– Тријте ги врвовите на прстите од спротивната дланка.
– Истријте ги палците.
– Темелно измијте ги дланките и избришете се со пешкир.








![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)






![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-218x150.webp)









![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)









![[ВИДЕО] Сите осум членови на екипажот загинаа во падот на американскиот бомбардер Б-52](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/s6ucx-13516048-100x70.webp)


