„Еко-свест“ започнува прв еколошки пост, за време на кој ќе се пости од користење автомобил, купување производи во пластика, од шопинг со пластични ќесиња, ќе се оди пеш и со велосипеди, ќе се оди на шопинг со платнени торби, ќе се штеди на струја.
За време на 20-дневниот пост ќе си го носиме со нас реупотребливото шише или термос за вода, ќе садиме многу медоносни растенија и зеленило на балконите и во нашите дворни површини, ќе штедиме вода, ќе јадеме сезонска храна која е одгледана во нашата земја и креативно ќе го реупотребуваме пластичниот, стаклен и текстилен отпад – истакнаа од “Еко-свест”.
Оттаму ги повикаа на еколошки пост не само граѓаните, туку и политички лидери, законодавниот дом, судии, министри и градоначалниците, упатувајќи апел до нив, еколошките пости да ги употребат со цел да преземат активности за носење и спроведување правилни политики со кои ќе ни овозможат чиста животна средина и безбедна иднина.
Превземено од ekobalans.mk















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















