Фокусот на Владата во моментов е насочен кон Самитот на НАТО, закажан за 11 и 12 јули во Брисел, со цел да се елиминира секоја можност за какви било отворени прашања и проблеми, а откако Македонија ќе ја добие долгоочекуваната покана, енергијата ќе биде насочена кон референдумот за договорот со Грција.
Ова го порача денеска вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали постои усогласеност во владината коалиција, околу референдумот за договорот од Преспа.
– Навистина фокусот ни е да направиме се во 2018 да го добиеме она што го испуштивме во 2008 година. Во меѓувреме разговараме, се консултираме со правници, се консултираме со експерти и очекуваме по Самиотот на НАТО за оваа тема да се носи одлука таму каде што треба, а тоа е во Собранието на РМ, рече таа.
Додаде дека во коалицијата постои целосно усогласен став, а тоа е дека е потребно одржливо, квалитетно решавање на проблемот, кое на вистински начин ќе ни ги отвори вратите за ЕУ и НАТО.
– Ова решение сметаме дека можно е не само преку двотретинска поддршка во Собранието, туку и преку силна изразена волја на граѓаните на оваа држава – дека сакаат членство на Македонија во НАТО и во ЕУ, рече таа.
Во врска со природата на референдумот, условите, нагласи оти Владата не сака да импровизира во јавноста.
– Ги правиме сите анализи и веднаш штом ќе имаме официјално решение ќе излезе со предлог. Одлуката се разбира е на Собранието и очекуваме таа да биде потврдена. Сметаме дека на ваков начин ќе ги избегнеме политизациите на процесот, нагласи Шекеринска.














![[ВИДЕО] Се шират вознемирувачки снимки од Иран: Се гледаат стотици вреќи со тела на убиените](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/VLOXv-screenshot-2026-01-10-081850-218x150.jpg)
![[ВИДЕО] Руската ракета испалена кон Лавов летала со брзина од 13.000 км/ч](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/EhVwe-raketa-proektil-218x150.jpg)


![[ВИДЕО] Руски генерал убиен во Москва](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/3W5xK-moskva-1-logo-federalna-sluzba-za-bezbednost-218x150.jpg)
![[ВИДЕО] Брејк: „Често одев на психијатар, разводот со сопругата ни беше детски…“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/UDOKq-screenshot-1-218x150.png)
![[ВИДЕО] Реакцијата на момчето на првиот состанок ги топи срцата: „Тоа е твојот идeн сопруг“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2025/12/05C6E-copy-of-32-split-screen-82-218x150.jpg)













![[ВИДЕО] Брејк: „Често одев на психијатар, разводот со сопругата ни беше детски…“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/01/UDOKq-screenshot-1-100x70.png)



